Тројца пожарникари кои ги расчистувале урнатините од кулите близначки починаа во ист ден

Тројца пожарникари од Њујорк кои расчистувале урнатини од Светскиот трговски центар по терористичките напади на 11 септември 2001 година, починаа во ист ден од рак, соопштија официјални лица од пожарникарската служба.

Хауард Бишоф (55), Даниел Хегланд (58) и Роберт Ливер (56) починале во понеделникот, а сите тројца се пензионирале во 2003 година.

Неколку илјади луѓе кои помагаа по нападите заболеа поради токсичната прашина, а некои добија рак.

26.09.2014 - 18:55

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега