Запленети 14 милиони фалсификувани евра во Романија

Романската полиција заплени денеска 14 милиони евра фалсификувани банкноти, како и машина за печатење на лажните пари, и уапси тројца осомничени.

Осомничените се Италијанци од Неапол. Тие биле уапсени во Орадја, Северна Романија, со лажни банкноти од 50 и 100 евра со вкупна вредност од 11,6 милиони евра.

Полицијата го открила останатиот дел од лажните пари во отпад. Романската полиција соопшти дека ја остварила операцијата изминатата ноќ во соработка со италијанските колеги, кои уапсиле дел од фалсификаторите, два дена порано.

Италијанските полицајци заплениле лажни банкноти со вкупна вредност од 19 милиони евра и привеле три лица.

26.09.2014 - 18:17

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега