Муслиманите во Франција го осудија обезглавувањето на францускиот турист во Алжир

 

Илјадници муслимани се собраа денеска во цела Франција, за да го осудат убиството на францускиот турист Ерве Гурдел од вооружени борци во Алжир, кои изјавија дека нивното дејствие било во одговор на француските воздушни напади врз позиции на „Исламска држава“.

Петмилионската муслиманска заедница во Франција е најголемата во Европа.

Претставници на француската десница изјавија дека заедницата не го осудила доволно остро убиството на Гурдел оваа седмица.

Нејзините лидери го отфрлија тоа обвинение.

Франција беше првата западна земја која се присоедини кон нападите врз цели во Ирак на чело со САД. 

26.09.2014 - 18:06

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега