Мнозинството Германци стравуваат од терористички напади во нивната држава

Мнозинство Германци (60 отсто) сметаат дека на територијата на државата ќе има терористички напади на исламски екстремисти, се вели во анкета на Политички барометар на телевизијата ЗДФ.

Кога станува збор за заштита од терористи, 55 отсто Германци веруваат дека доволно се прави за да се заштити државата од тероризмот, а 28 отсто се незадоволни од акциите на државата за заштита од тероризам.

По предупредувањето на ирачкиот претседател Хајдар ал-Абади, за планирани напади на терористи од Исламска држава во метрото во Париз и во американски градови, расте и вознемиреноста и во Германија, се вели во заклучокот од анкетата. 

26.09.2014 - 17:48

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа