Донација од градоначалникот на Чашка за две семејства во село Мелница

 

Градоначалникот на општина Чашка, Горан  Пановски денеска им додели помош на семејствата Рамадановски и Талевиќ во село Мелница кои неодамна претрпеа голема штета во невремето проследено со пороен дожд.
 
Портпаролот на општина Чашка, Милена Андова истакна дека локалната самоуправа и градоначалникот Пановски по извршениот увид на  состојбата кај тие семејства, денеска им го обезбедија она што им е најмногу потребно.
 
- Обилниот дожд  им го оштети мебелот во нивните домови, ги однесе резервите со храна и облеката на нивните деца. Локалната самоуправа издвои средства за набавка на покуќнина на Рамаданосвки и Талевски, обезбеди храна, облека и играчки за најмалите. Со ова општина Чашка и градоначалникот Пановски уште еднаш потврдија на дело дека главен приоритет се токму граѓаните, потенцира Андова. 

26.09.2014 - 16:18

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега