Гадафи ја финансирал предизборната кампања на Саркози?

Информативниот веб портал „Медиапар“ тврди дека документот кој беше претставен во 2012 година и во кој се зборува за договорот за финансирање на предизборната кампања на Никола Саркози од страна на поранешниот либиски лидер Моамер Гадафи е автентичен. За автентичноста на документот се води истрага, по тужбата поднесена од поранешниот шеф на француската држава против „Медиапар“.

Оваа истрага е посебна и не е дел од истрагата која се води за финасирањето на победничката кампања на Никола Саркози во 2007 од страна на Муамер Гадафи.

- За Либија, тие (судиите) знаат дека документите се лажни, тврдеше во интервјуто за Журнал ди Диманш, Никола Саркози.

Како одговор на ова тврдење Медиапар, денес објави посебно досие – извештај на француската жандармерија според кое „едногласно сите лица кои го консултираа документот објавен од Медиапар, се совпаѓа со сите карактеристики на документите кои ги издаваша либиската влада на времето, според типологијата, датумот и користениот стил“.

Според Медиапар, тој извештај на жандармеријата „ја акредитира тезата за автентичност на либиски официјален документ“ кој беше откриен меѓу двата круга на претседателските избори.

Документот е датиран од 2006 година и потпишан од порашениот шеф на либиската тајна служба Муса Куса, во кој се зборува за договор Моамер Гадафи да ја финансира кампањата на Никола Саркози во висина од 50 милиони евра.

Во интервју на 29 април 2012 година, Муса Куса засолнат во Катар тврдеше дека документот е лажен. Но, при сослушувањето од судиите во август оваа година истиот не бил толку категоричен, според записникот од сослушувањето до кој дојде Медиапар.

- Содржината не е лажна, но потписот е лажен, не го потпишав јас, рекол Муса Куса.

Медиапар тврди дека овој документ бил изработен од еден друг поранешен либиски водач на времето, Багдади ал-Махмуди, кој во моментов е во затвор во Либија.

Првиот кој го обвини Саркози дека неговата кампања беше финасирана од Либија, беше синот на Моамер Гадафи, Сеиф ал Ислам во интервју за Евроњуз на 16 март 2011, без притоа да даде докази.

Оваа афера се разгорува само еден ден по првиот предизборен митинг на Никола Саркози кој минатиот викенд се врати на политичката сецна и сака да биде претседател на УМП, како отскочна штица за кандат за претседател на Франција.

26.09.2014 - 16:11

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа