Додовска: Заев се додворува на странците наместо на гласачите

Вчерашната изјава на Зоран Заев дадена за Алсат М во која тој оцени дека именувањето на Македонците како Словени не заслужува реакција од државните институции е класично додворување на странците наспроти јасните ставови на електоратот. Политичкиот аналитичар Иванка Додовска во интервју за Пулт на Радио Слободна Македонија оценува дека СДСМ е се подалеку од своето членство.

„Јасно е дека се работи за изјава со која треба да им се допадне на странците наместо да се загрижи за ставовите на своите гласачи. Лично не се согласувам со неговиот став зашто националното определување е особено важно за еден народ. Сметам дека актот на МНР беше вид на пријателско укажување кое во никаков случај нема да ги навреди нашите традиционални пријатели’“, оценува Додовска.

Оддалечувањето од членството според политичкиот аналитичар е меѓу клучните причини за стагнацијата во рејтингот на СДСМ која ја покажува и последната анкета на Републиканскиот Институт ИРИ.

Наспроти тоа, таа оценува дека Македонија води сериозна политика на внатрешен и надворешен план на која се надоврза и вчерашниот настап на претседателот Иванов пред Советот за безбедност на Обединетите Нации.

„Сметам дека говорот на Иванов беше говор на еден вистински претседател, историски говор кој влезе и во заклучоците“, вели Додовска.

Очекува и покрај најавената стагнација на проширувањето, Македонија да добие препорака за почеток на рпеговорите за членство.

 Видеото погледнете го на следниот линк.

http://www.youtube.com/watch?v=O4f7qANE59c

 

26.09.2014 - 15:24

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега