Инсталирана пречистителната станица во Илинден

Општина Илинден комплетно ја инсталирана пречистителна станица која е дел од капиталниот проект за изградба на фекална канализација за прифаќање и третман на отпадните води во населбата Илинден, на која деновиве беше извршен и технички преглед. 

- Пречистителната станица со капацитет од 1.250 екв/жители што е комплетно автоматизирана и претставува модуларен систем што зафаќа мал простор, има мала потрошувачка на електрична енергија и може да се надградува во согласност со зголемувањето на капацитетот на еквивалент жители, соопштија од општина Илинден.

Во рамките на изградбата на овој сегмент од фекалната канализација во населба Илинден, следува поврзување на пречистителната станица со канализацискиот систем, каде што од предвидените 5.155 метри од системот. Во населено место Кадино, пак, каде што се гради вториот сегмент од фекалната канализација, по поставувањето на пречистителната станица и извршените потребни тестирања на системот, во тек е изведба на приклучоци до индивидуалните корисници. Со изградбата на овој дел од канализацијата, припадна површина 4, ќе се реши проблемот на над 300 семејства или, околу 1.250 екв/жители во Кадино.

Досега е изграден и предаден во употреба првиот сегмент од фекалната канализација и пречистителна станица со капацитет од 1250 екв/жители во Марино.

26.09.2014 - 14:49

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа