Србин добил на лото но.... - шокантна исповед

Добивката на лото е сон на секој човек, но она што му се случило на еден Србин е навистина шокантно и незамисливо. Господинот Павловиќ од Србија работел како ноќен чувар во Електродистрибуција, вели дека никогаш не се коцкал, но постојано играл лото. Додека си одел дома после ноќната смена, застанал на семафор и до него ветрот донел лото ливче. Откако го зел сфатил дека тоа е ливче со добитна комбинација од најновото извлекување.

-Вчера некој среќник доби седмица – помислив дека некогаш ќе добијам и јас, обидувајќи се на сила да бидам оптимистичен дека наредната недела работите ќе тргнат на подобро, вели тој.

Ги вратил кредитите, својот, на неговата жена и на неговиот зет. Ги решил станбените прашања на целата своја фамилија, потрошил убава сума на патувања по светот и на скапи автомобили , престанал да пие домашни пива и не можел да јаде ништо што е подготвено на маст или сончогледово масло. Накратко, господинот Павловиќ станал нов човек.

Се додека еден ден некој не го побарал на телефон и го слушнал следново:

-Господине Павловиќ, лото ливчето кое сте го нашле е мое. Имам доказ дека го пополнив, имам доказ дека го уплатив и имам доказ дека завршило кај вас. Имате месец дена да ми ги вратите парите. Пријатен ден, господине Павловиќ – рекол груб и необично смирен машки глас, кој веднаш потоа ја прекинал врската.

26.09.2014 - 14:30

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега