Уште три гранкови синдикати се против одлуката на СОНК за штрајк
Синдикатот за државна администрација и државна управа, Самостојниот синдикат за енергетика, рударство и индустрија и Синдикатот за транспорт и врски, кои се дел од Конфедерацијата на слободни синдикати, поради јасно изразеното самоволие и обид за деструктивност на СОНК , денеска истакнаа дека не ја прифаќаат оклуката на неговото најтесно раководство за организирање на генерален штрајк во образованието
- Наместо консулатции и дијалог најпрво низ телата на синдикалната организација во која сите ние членуваме - КСС, а потоа и продолжување на дијалогот со Владата како најефективно средство за надградба и унапредување на работничките права, претседателот на СОНК се одлучи за заобиколување на сите правни механизми и дректно наметнувајќи ја идејата за остварување на личните амбиции и задржување на актуелната позиција преку негов реизбор во престојниот период, тој посегна по правото на децата на образование, истакна генералниот секретар на КСС Љубе Стојковски.
Тој додаде дека на овој начин им се одзема правото на децата на образование и создава конфузност кај учениците и родителите.
- Пред само два дена директно ги повика учениците на 29-ти септември да не одат на училиште не размислувајќи за последиците од така дадената изјава, со која веќе создаде конфузност но и огорченост кај најголем дел од наставниците, родителите и самите ученици, кои никако не треба да бидат подлога за политичко и материјално профитесрство, посочи Стојковски.
Нагласи дека остануваат уште неколку дена за смирување на страстите и апелираше до раководството на СОНК да се вразуми.
- Апелираме до раководството на СОНК конечно да се вразуми, да прекине со овој циркус кој го создаде, додека не се предизвикаат уште поголеми последици по воспитно-образовниот процес на учениците во преден план и конечно уште поголеми последици во целиот образовен систем во земјата, велат од КСС.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа