Недела на енергетика 2014

Во рамки на Неделата на енергетика денеска на плоштадот „Македонија“ во Скопје на граѓаните им беа делени брошури и флаери со теми поврзани со ефикасното искористување на енергетските ресурси и правилното третирање на отпадот.

В понеделник на 29 септември во 10 часот во детската градинка „Срничка-Лале“ во општина Аеродром ќе биде организирана  работилница на тема „Рационално користење на енергијата и отпадот како ресурс“.

Неделата на енергетика „Македонија 2014“ продолжува во вторник 30-ти септември, во Салата на советот на Град Скопје, во 10 часот, кога ќе се одржи завршниот настан, односно конференцијата „Придобивки и стекнати искуства преку меѓународна соработка“.

Манифестацијата Недела на енергетика „Македонија 2014“ годинава се одржува по десетти пат, а ја организираат  МАЦЕФ-Македонски центар за енергетска ефикасност и Инфо-центарот за енергетска ефикасност на Град Скопје.

 

 

26.09.2014 - 13:47

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега