ВИДЕО: Сојузот стигна на МКС - еве ја првата Русинка по 17 години која полета во вселената

Тричлена екипа во која е и првата Русинка во вселената по 17 години стигна денеска на Меѓународната космичка станица шест часа по полетувањето со космодром во Бајконур, соопштија од Центарот за контрола на летањето.

Сојузот ТМА-14М со екипата, во која се уште еден Американец и еден Рус, беше лансиран синоќа од Бајконур во Казахстан. Нивната мисија на МКС треба да трае 168 дена. Со тоа Елена Серова, е првата Русинка  во вселената по 17 година, и прва која стигна на Меѓународната вселенска станица, со рускиот космонаут Александар Самокутјајев и Американецот Бери Вилмор. Тие на станицата ќе бидат придружени од екипа во која се Русинот Максим Сурајев, Германецот Александар Герст и Американецот Рид Вајсмен.  

Екипата на МКС топло ги прими новите членови е наведено во Центарот за контрола на летање.

Русија во 2013 година одбележа 50 годишнина од летот на првата жена во вселената Русинката Валентина Терешкова, на 16 јуни 1963 година. 

Тоа е мојата работа, изјавила 38 годишната Серова пред новинарите пред мисијата. Запрашана дали ќе може да го поднесе раздвојувањето од семејството и ќерката, Русинката одговорила: Ќе бидам првата жена од Русија на МКС. Ние како тим, имаме одговорност кон луѓето кои не обучија и немаме намера да ги разочараме. 

Рускиот Сојуз од 2011 година служи како единствено средство за превоз за екипажот од вселената, со цена за едно место во тоа летало кое чини 71 милион долари. 

Претходно овој месец, НАСА одлучи да ја прекине зависноста од руските летала и го одобри боингот и SpejsEks за транспорт на астронаутите на Вселенската станица во наредните години. Компанијата SpejsEks наведе дека едно место во тоа летало ќе чини 20 милиони долари. 

26.09.2014 - 13:07

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега