Фотографијата на Милошоски стигнала и до Европскиот парламент

Фотографијата на која поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски го вее знамето на Вергина на Олимп, стигна и до Европскиот параламент. Имено, Грчки пратеник ја испратил до своите колеги во Европскиот парламент со писмо во кое ја осудува ваквата постапка.

Милошоски изјавил дека нему му се јавиле пратеници од Брисел и му кажале за потегот на грчкиот пратеник. Сепак, тој не знае кој грчки пратеник ја испратил фотографијата, но вели дека постапката на пратеникот предизвикала потсмев кај европските колеги.

26.09.2014 - 12:22

 


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега