Стадионот во Битола ќе добие нова трева и рефлектори

Градоначалникот на Битола Владимир Талевски и претседателот на ФФМ, Илчо Ѓорѓиoски го најавија и новиот проект од „Хет трик„ програмата за поставување нова подлога и поставување рефлектори на стадионот.

Се работи за инвестиција која ќе изнесува околу 800.000 евра, а ќе овозможи подобрување на инфраструктурата и условите за игра на градскиот стадион.

Вчера градоначалникот на Битола и претседателот на ФФМ ја промовираа првата регионална дисперзирана спортска паралелка во општина Битола во која веќе се запишани 23 ученици и тоа 18 од Битола, а останатите од Ресен и Демир Хисар.

26.09.2014 - 10:43
Фото: 
курир


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега