Цела Македонија во сабота ќе танцува на „Happy“

Во сабота точно на пладне, на плоштадот Македонија ќе се одржи голем флеш моб на кој ќе играат волонтери од Црвениот крст.

Заедничко танцување, познато како флеш моб, на секој плоштад и во секој град во земјава, каде има канцеларија на Црвениот крст на Македонија, ќе се случи во сабота, точно на пладне, како финале на одбележувањето на Неделата на Промоција на хумани вредности.

Подготвена е кореографија на песната „Happy”, („Среќен“) од Фарел Вилијамс, од страна на професионален танчар.

Волонтерите од општинските организации на територија на Градот Скопје ќе танцуваат заедно на плоштадот Македонија, пред Ристиќиевата палата.

 

 -Целта е преку танцувањето младинците да испратат порака за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, заемната доверба и разбирањето, како најдобри гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме, велат организаторите.

26.09.2014 - 10:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега