Викендов сообраќајот во Скопје ќе се „поремети"

Поради изведување градежни активности – попречни прекопи за поставување подземна инсталација, утре и задутре ќе се воведе привремен сообраќаен режим на дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов", информираат од Град Скопје.

Привремениот режим ќе се однесува на делот од булеварот на потегот од крстосницата со бул. „8-ми Септември“ до крстосницата со ул. „Московска“ и ќе важи во периодот од 07 до 22 часот.

Градот Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и да ја приспособат брзината на движење на условите на патот. 

26.09.2014 - 10:08


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега