Монструмот кој ја уби Тијана се сретна со мајка си - еве како реагирал

Драган Џуриќ, 34-годишниот месар кој ја мачеше, силуваше и уби малата Тијана, ја молел мајка си да му прости за грозоморното дело кое го направил. Мајката на убиецот за српскиот Ало си ја отвара душата и раскажува што се случило кога го посетила.

- Мајко те молам простими. Тоа што се случи се случи. Не можам да спијам. Кога ќе ги затворам очите нешто одвнатре ме гуши, и рекол Драган на својата мајка.

Мајката вели дека ја боли душата бидејќи го одгледала од кило месо. Не може да разбере како не забележала дека нешто му се случува и како што вели нешто го обзело. - Го знам своето дете и знам дека никогаш никого не би повредило, не знам како дојде до ова, вели таа.

Исто така таа додава и дека не може од срам да излезе мирно на улица.

26.09.2014 - 09:29


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега