Валенсија нов лидер на Примера

Фудбалерите на Валенсија избија на првото место на табелата во Примера по синоќешната победа над Кордоба со 3:0. Валенсија има 13 бодови исто колку и Барселона и Севиља, но подобра гол разлика и по 5.то коло е лидер на табелата.

Еспањол синоќа ја оствари и првата победа откако со 2:0 го совлада Хетафе.

На другите натпревари од 5.коло беа постигнати следниве резултати: Алмерија – Атлетико Мадрид 0:1, Еибар – Виљареал 1:1, Рајо Ваљекано – Атлетик Билбао 2:1, Севиља – Реал Сосиедад 1:0, Гранада – Леванте 0:1, Малага – Барселона 0:0, Реал Мадрид – Елче 5:1 и Селта – Депортиво 2:1.

Вечерва се игра првиот натпревар од 6.коло меѓу Елче и Селта.
Табела: Валенсија 13 бодови, Барселона 13, Атлетико Мадрид 11, Реал Мадрид 9, Селта 9,... 

 

 

26.09.2014 - 09:07


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега