Саем за земјоделци во Василево

 

Саем за земјоделци на отворено ќе се одржи во Општина Василево. За реализација на саемот ќе разговараaт денеска на средба во Василево претставници на општината,  Федерацијата на фармери на Македонија и на турската компанија за организирање саеми ДЛГ Фуарчилик.

На средбата ќе биде потпишан меморандум за соработка за реализирање саемски активности за развој на аграрот.

Во организација на ФФРМ и ДЛГ Фуарчилик беа реализирани две саемски посети во Турција каде околу 100 фармери присуствуваа на саемите во Текирдаг и Измир.

26.09.2014 - 09:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега