Првата пратка хуманитарна помош за сириските бегалци пристигна во Турција

ОН ја доставија првата пратка хуманитарна помош во Турција за 144.000 илјади сириски бегалци, кои пребегале од насилствата на Исламска држава во северна Сирија.

ОН соопштија дека првата пратка помош од осумте планирани, вклучува облека, ќебиња и кујнски садови за речиси 50.000 бегалци без засолниште.

УНХЦР соопшти дека добиле само 21 отсто од 497 милиони долари за да се справат со бегалскиот проблем во Турција.

Тоа е најниско ниво на финансирање на држава што примила сириски бегалци, а во Турција има најголем број бегалци - околу 1,5 милиони.

25.09.2014 - 20:30


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега