Пронајдена вода на планета четири пати поголема од Земјата

Научниците пронајдоа вода на една планета со големина на Нептун, објавено е во списанието "Nature", пренесува Anadolu Agency.

Во атмосферата на планетата со име HAT P-11b, во соѕвездието Лебед, кое се наоѓа околу 124 светлосни години од планетата Земја, приметена е водена пареа.

Научниците од универзитетот Мериленд во САД, користејќи ги телескопите на НАСА Хабл Спицер и Кеплер и истражувајќи ја атмосферата на оваа планета, дојдоа до сознание дека е четири пати поголема од Земјата.

Во текот на истражувањето приметено е дека во атмосферата на планетата нема облаци, што за научниците претставуваше олеснување. Тие утврдија дека атмосферата околу 90 % се состои од водород и тоа во облик на водена пареа.

Утврдено е дека на оваа планета животот не е возможен поради близината на ѕвездите, односно високи температури.

 

25.09.2014 - 19:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега