Малколм Јанг ја напушта групата АC/DC

 

Легендарниот рокер Малколм Јанг, основач на австралиската рок група АC/DC, нема да се врати во бендот, откако кон крајот на минатата година зема одмор поради болест, објавено е на веб страницата на групата. Не е објавено од што боледува Јанг.

- За жал, поради природата на состојбата на Малком, нема да се врти во бендот, пишува во соопштението.

Малколм Јанг (61) и неговиот брат Ангус, двајцата гитаристи, ја основаа АC/DC во 1973 година и го претворија бендот во еден од најуспешните на сите времиња.

Новиот албум на групата што ќе биде објавен во декември, ќе биде прв во 41-годишната историја на АC/DC каде нема да свири Малколм Јанг.

АC/DC идната година ќе оди на светска турнеја, а со бендот наместо Малколм ќе свири Стив Јанг, внукот на Малколм и Ангус.

Браќата Јанг се родени во Шкотска, но како деца со родителите се преселиле во Австралија. 

25.09.2014 - 18:51


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега