Откриен заговор на Исламска држава за напади во метроата во Франција и САД

Ирачкото разузнавање открило заговор на џихадистичката Исламска држава за напади во блиска иднина во метроата во Париз и во САД, изјви денеска ирачкиот премиер Хајдер ал Абади.

На средба со новинари во кулоарите на годишната сесија на Генералното собрание на ОН во Њујорк, Абади изјави дека бил известен за терористичките намери денеска од Багдад.

Заговорот бил дело на странски припадници на Исламска држава во Ирак. Тој додаде дека САД биле информирани за заканата. 

25.09.2014 - 18:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега