Трајчо Димков: Буџетот за 2015 година го продолжува развојот на штипскиот регион

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Трајчо Димков, на седницата на Комисијата за финансирање и Буџет на која денес започна расправата за Буџетот за 2015 година, даде свое видување и оцени дека Предлог Буџетот за 2015 година предвидува проекти со кои и понатаму продолжува развојот на штипскиот регион.

Поради фактот што пратеникот Трајчо Димков доаѓа токму од Штипскиот регион, тој во своето излагање најголем акцент даде на проектите и капиталните инвестиции кои се досега реализирани со претходните буџети, како и за проектите предвидени со буџетот за 2015 година.

Според досега сработеното во Штип и штипскиот регион може да се каже дека во овој регион максимално се вложува. Како капитални инвестиции кои досега имале клучна улога и значаен придонес за Штип и околниот регион можат да се споменат Универзитет Гоце Делчев, кој дава одлични резултати, индустриската зона во Штип која со текот на времето ќе претставува важен фактор во развојот на овој регион, хидроцентралата Злетовица, автопатот Миладиновци - Штип и експресниот пат Велес-Кадрифаково кои секако ќе придонесат за развој на источниот дел од Македонија и подобра комуникација со останатите делови од државата.

Пратеникот Тарјчо Димков, посебно се осврна и на вложувањата на Владата во спортот, како во целата држава така и во штипскиот регион. Тој наброи неколку проекти кои или се завршени или се во тек или пак се планира да се започнат со Буџетот за 2015 година, како што се спортските сали, изградбата на фудбалски игралишта, тениски игралишта од кои 4 се само во Штип, огормен број на повеќенаменски игралишта, терени за ракомет и одбојка на песок и уште многу проекти кои се доказ за вложувањата на Владата во спортот, со цел градење на една спортска и здрава младина.     

На крајот од своето излагање, пратеникот Димков порача дека вложувањата на Владата во спортот претставуваат еден вид на револуција бидејќи вакви инвестиции досега никогаш немало.

 

 

25.09.2014 - 17:27


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега