Соучесниците во убиството на Лука се предомислија- еве што велат сега

Судијата од вчера ги раздвои случаите на возачот на кантрименот Марко Миличев и на неговите сооучесници,со што се забрзува судскиот процес.

Оваа одлука следуваше по повторното премислување на соучесниците во убиството кои веќе ја признаа вината и потпишаа спогодба за домашен притвор. Спогодба не сакаат Дана Маневска, Никола Лепен, Бојана Петровиќ и Милица Новаковиќ, но нивните жалби, како што истакна судијата, нема да го успорат судскиот процес.

-Иако обвинителството постигна договор со четворицата сооучесници, тие сега се жалат на пресудата и тврдат дека документите не ги потпишале во присуство на нивните адвокати, туку пред адвокатите кои им ги доделил судот.

Во жалбите тие напишале дека нивните адвокати не присуствувале поради штрајк и дека бараат пресудите повторно да бидат разгледани. Исто така бараат од судијата повторно да направи проценка за тоа дали патниците во кантрименот навистина направиле кривично дело. Со таквата жалба само би се одложил случајот против Миличев, па судијата пресече и ги раздвои судските постапки, изјавил извор од судот за српски Блиц.

Марко Миличев би можел да биде осуден на 16 години затвор, а неговиот кум и таксистот најверојатно ќе добијат пет годишна затворска казна.

25.09.2014 - 17:00


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа