Москва: Украина прво треба да ги реши проблемите со Русија

Украина треба да ги реши сите проблеми со Русија пред да стане членка на Европската унија предупреди денеска Москва.

Руското предупредување уследи по говорот на укрианскиот претседател Петро Порошенко, во кој наведе дека Украина си поставила цел да стане земја-кандидат за членство во ЕУ во 2020 година.

Претставник на руското Министерство за надворешни работи истакна дека Украина прво треба да ги реши проблемите со Русија пред да се присоедини кон ЕУ.

25.09.2014 - 16:45


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега