Наградени најдобрите млади информатичари од Штип

Штипскиот градоначалник Илчо Захариев денеска им додели  награди на најдобрите информатичари од три средни училишта во Штип за изработка на постер за Штипско културно лето.

Средношколците на натпреварот по информатика се натреваруваа под покровителство на Општина Штип, која им додели вредносни ваучери во износи од 2.000, 3.000 и од 4.000 денари.

- Општина Штип ќе ги мотивира средношколците преку натпреварите кои ќе ги организираме, а за наредниот период ќе се потрудиме да обезбедиме и стипендии за најдобрите средношколци, рече Захариев.

Натпреварот по информатика на општинско ниво се организира трета година по ред. Во изминатите две тие изработија промотивни филмови за градот Штип и ги уредија веб-страниците на своите училишта. 

ФОТО: Сител

најчитано сега