Позната водителка открива што значи да се биде сексуален зависник

43- годишната Гејл Портер во интервју за шкотски Хералд си ја отвори душата и  ја призна својата зависност од секс. Побарала стручна помош, но и тоа не одело лесно.

-  Одев во мешана група на сексуални зависници. По состаноците, сите бевме толку сексуално возбудени, што наместо секој да оди дома, најчесто се собиравме кај некој од мажите и имавме секс. Затоа морав да ја сменам групата и да посетувам група во која имаше само жени, вели таа.

Во 2005-та година таа ја изгубила косата поради голем стрес. Разведена е од сопругот со кој има едно дете,а проблемите уште повеќе и се зголемиле откако ја изгубила косата.

- Неодамна гледав едно шоу во кое млад човек беше прашан од што најмногу се плаши во врска со жените. Рече дека се плаши некој некогаш да не го доведе во ситуација да има состанок со жена без коса! Најлошото нешто со ќелавоста е што таа е поврзана со осаменост. Не знам дали сум направила нешто толку лошо во претходниот живот за да го заслужам ова. Пријателите велат дека не е ништо страшно, но за мене претставува блокада, вели Гејл.

Гејл била успешна манекенка и водителка, но сега има проблеми да најде работа.

- Понекогаш се нудам да работам во агенции за недвижности или во продавници за чевли во Лондон, но сметаат дека не сум сериозна - вели Гејл.

25.09.2014 - 14:22


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега