Повеќе од 20 шпански фудбалери вмешани во местење натпревари

Повеќе од 20 играчи кои учествуваа на натпреварот Леванте - Сарагоса во мај 2011 година се повикани на разговор во Одделението за борба против организираниот криминал во Шпанија.

Како што пренесува „Марка“ постои основано сомнение дека дуелот Леванте - Сарагоса кој заврши со победа на гостите од 2:1 бил наместен за Сарагоса да избори опстанок во најсилното Шпанско фудбалско првенство.

Сарагоса таа сезона во Примера ја заврши на 14.место, а во Секунда (втората лига) се пресели Депортиво Ла Коруња.

Разговорот во Одделението за борба против корупцијата и организираниот криминал е закажан за 3 октомври. 

25.09.2014 - 13:50


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега