Рецепт: Зелен ајвар

  • 6кг. зелени ками
  • 6 парчиња црни домати (модри патлиџани)
  • 200гр. шеќер
  • 200гр. винска киселина
  • 1 литар масло, сол, црн пипер
  • 2 главички пасиран лук
  • 5-6 гранчиња сечкан магдонос
  • 3 лажици сенф
  • Пиперките се мијат, печат и чистат од лушпа, семки, се мелат на машина бр.8 низ сито. 
    Модрите патлиџани се печат сосе лушпата некои 20-25 мин.готови се кога ќе омекнат отприлика, се лупат и тие се мелат исто така низ машина. 
    Вака смесата се става во сад да пржи на оган 45 мин.се додаваат (шеќерот, киселината, сол и црн пипер) маслото последно и постепено, од моментот кога ќе го впие цело масло се пржи уште 45 мин.на крај се додаваат магдоносот, лукот и сенфот, се бери врело во врели тегли.
  • Извор: Мои Рецепти


25.09.2014 - 12:55


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега