ОМД бараат прекин на апсурдните преговори за името

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) го повика македонскиот претседател Ѓорге Иванов формално да го информира Советот за безбедност и Генералното собрание за време на неговиот говор во рамките на 69-тото Генерално собрание на Обединетите нации, дека Македонија ќе се повлече од, како што наведува „фарсата од преговори за името“.

- ОМД недвосмислено верува дека се додека Македонија не преземе ваков чекор, елементите на меѓународната заедница ќе продолжат да му се закануваат на идентитетот и правото на национална држава на Македонија како преговарачки ирелевантни. Тие не се ниту едното, ниту другото. По осум години на непопустливост на интеграцијата на Македонија во НАТО и ЕУ, во голем дел поради противењата на Грција за името на Македонија и последните бугарските разговори за т.н. „добрососедски" односи, ОМД не гледа никаква корист од продолжување на овие бесмислени размислувања, велат од организацијата со седиште во Вашингтон, која ги претставува Македонците од дијаспората.

Според ОМД, Македонија е признаена од повеќе од 135 земји во светот, а преговори за името, сметаат, се неприфатливи за долгорочно подобрување на Република Македонија. Наместо тоа, велат, македонското раководство треба да ја рефокусира својата енергија на градење подлабоки врски со земјите што сакаат да се вклучат во продуктивни односи, кои ја зајакнуваат економијата и безбедноста.

- ОМД смета дека иднината на Македонија лежи во нејзините дејствија и не можат да бидат преговарани ниту диктирани со економски заплашување на што бевме сведоци во текот на изминатата деценија. Македонија треба да достави официјално барање на Советот за безбедност и Генералното собрание на ОН да гласаат за промена на употребата на привремената референца „Поранешната југословенска Република Македонија" во Обединетите нации во „Република Македонија“, посочуваат од ОМД

25.09.2014 - 10:35


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега