Јанкулоска во Кавадарци во рамки на едукативна активност за безбедност во сообраќајот

Во Кавадарци денеска ќе се одржи превентивно – едукативните активности во рамки на акцијата „Безбедно управување моторцикл и патнички автомобил“, каде ќе присуствува и министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Активностите ќе се одржат во дворот на средното училиште „Добри Даскалов“.

Овие активности се реализираат во организација на Отсекот за превенција при СВР Велес во соработка со СОУ „Добри Даскалов“.

На спортски терен во училиштето ќе бидат поставени возила и опрема со кои располага Полициската станица за безбедност на сообраќајот на патиштата, со кои што учениците ќе можат поблиску да се запознаат и да ги разгледаат. 

25.09.2014 - 10:04


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа