Уапсени македонските Бони и Клајд

Mакедонските Бони и Клајд кои минатата недела нападнаа тетовец така што девојката му го одвлекла вниманието додека момчето го онеспособил, се зад решетки.   Тетовската полиција го расчисти разбојништвото што беше пријавено, односно извршено над Ф.Н.(51) од Тетово на минатата недела, на улица "Видое Смилевски-Бато". Идентификувани и вчера попладне повикани се двајцата учесници во разбојништвото, С.Д.(21) од Кавадарци и С.А.(26) од Битола, кои времено престојувале во Тетово, а кои таа вечер нападнале лице од кое одзеле 260 евра и мобилен телефон. Двајцата задржани се во Полициската станица Тетово, а потоа во консултација со јавен обвинител пуштени се и истите ќе се соочат со соодветен поднесок

24.09.2014 - 23:16


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа