Чадиев се договори со велешките таксисти
Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев откако оствари средба со велешките таксисти, одржа прес конференција на која информирашре дека ги прифаќа нивните барања, но дека и тие треба да ги исполнат своите обврски согласно законот за такси –превозник со кој е предвидено поседување лиценца за извршување на дејноста.
Имено, велешките такси превозници кои своите барања ги доставија преку адвокат-застапник до Општина Велес и СВР Велес, бараат да се засилат контролите на терен како на сообраќајниот инспекторaт така и на полициските службеници, но и да се почитува во целост законот за такси-превозот со кој е предвидено поседување лиценца за извршување на дејноста такси-превозник.
- Ние како општина сме должни тоа да го направиме и ќе го сториме, но истовремено потенцирав на средбата дека и нивните обврски треба да бидат исполнети согласно законот за да се овозможи едно рамноправно ниво на почитување на обврските според законот, потенцираше Чадиев.
Според законот, сообраќајниот инспектор и полициските службеници треба да вршат редовни контроли за да спречат појава на диви нелегални таксисти, да проверуваат дали такси-превозниците имаат соодветни лиценци и документација, а такси-превозниците треба да го користат таксиметарот, но и да возат возила кои се според предвидените стандарди.
Градоначалникот Чадиев информира дека сообраќајниот инспектор на Општина Велес веќе извршил контрола на терен и дека во тек е сублимирање на резултатите по што ќе се дознае колку од такси-превозниците во градот се легални, а колку од нив работат на диво или без соодветната документација.