По цели 20 години Пинк Флојд се враќаат на сцената со албум

Впечатливите омоти на славниот бенд Пинк Флојд секогаш предизвикуваат расправии меѓу нивните обожаватели. Сега протече веста дека млад египетски уметник е избран за креирање на омотот за нивниот прв албум после 20 години, пишува Гардијан.

Ахмед Емад Елдин, 18 - годишен Египјанец е автор на омотот на нивниот нов албум "The Endless River", кој ќе биде објавен во ноември. Омотот на албумот прикажува млад човек со раскопчана кошула кој патува преку море од облаци кон сјајот на сонцето. 

Албумот е опишан како одавање почит на Рик Врајт, клавијатуристот на Пинк Флојд кој умре во 2008 година. Бендот ги завршил необјавените песни, кои се осмислени уште во раните деведесети, а ќе бидат објавени во новиот албум.

24.09.2014 - 15:06


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега