Новиот iPhone 6 има сериозен проблем

Доколку веќе го купивте новиот iPhone 6 Plus веројатно оваа опција ќе ве загрижи. Поголемиот од двата нови уреди на Apple има сериозен проблем со цврстината на телото.

 

Откако се појавија разни фотографии од извиткани примероци на телефонот, момците од Unbox Therapy решија да го тестираат тоа и објавија видео тест во кој покажуваат колку и како се витка 6 Plus.

 

 

Телефонот навидум изгледа како да ќе се скрши под притисокот, но тоа не се случува. Ако сакате да одбегнете виткање на новиот и скапоцен телефон, веројатно ќе треба да одбегнувате да го ставате во џебовите од панталоните или пак да го купите помалиот 4,7 инчен iPhone 6.

24.09.2014 - 14:47


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега