Е ова е практична невеста- Си ја плетела венчаницата додека се возела во автобус

Оваа девојка ја плетела својата венчаница дури и додека патувала со автобус. Таа во текот на 5 месеци успеала да ја сплете венчаницата која не ја чини повеќе од $30 долари, а има модерен дизајн и одлично ѝ стои.

 

Исплетена е со иста плетка по целата должина, има доволно отворено деколте, ја следи линијата на телото, а има и дел околу нозете кој се влече и дава посебна елеганција на невестинскиот фустан.

Материјалот е погоден и лесен за перење, а таа планира и да му додаде боја по свадбата за да може да го носи и во друга прилика. Иако е аматерска рачна изработка мора да признаеме дека фустанот изгледа прекрасно. Браво за оваа девојка.

24.09.2014 - 13:42


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега