Прекршено примирјето во Доњецк

Примирјето меѓу проруските сепаратисти и украинската армија е прекршено во Доњецк, кој е под контрола на сепаратистичките сили.

Локалните сепаратистички власти во Доњецк соопштија дека во градот имало два напади, еден синоќа и друг утрово.

Руските медиуми објавија дека во нападите загинале две лица, но сепаратистите не соопштија за жртви.

Примирјето меѓу бунтовниците и украинската војска е договорено на 5 септември. На преговорите од минатата недела е договорено повлекување на тешката артилерија и создавање на тампон-зона. 

24.09.2014 - 12:41


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега