ФОТО: И на 80 години зрачи со сексипил

Легендарната глумица Софија Лорен го прослави 80. роденден во Мексико Сити, во друштво на мултимилијардерот Карлос Слим. На прославата присуствуваа и Лари Кинг, Анди Гарсија, Форест Витакер и многу други.

Пред неколку дена во Мексико е отворена изложба која го прикажува животниот пат на славната глумица. Софија Лорен неодамна ја објави и автобиографијата "Вчера, денес, утре".

Автобиографијата содржи приватни фотографии и писма од филмските легенди Кери Грант, Френк Синатра, Одри Хепбрн и Ричард Бартон.

24.09.2014 - 12:31


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега