„Или училиште или протести“ - родителите од Капиштец незадоволни од Жерновски
Родителите од скопската населба Капиштец бараат Андреј Жерновски да не вработува во општината, туку, како што велат, со нивните пари да ни изгради училиште и градинка, пренесува Канал 5.
Не гласавме за вработувањата, туку за ветените проекти , а по два месеца вели дека нема пари, истакнале родителите, пренесува телевизијата.-
-Зошто на протестот не дојде Јани Макрадули кој за време на кампањата рекол дека училиштето е одличен проект зашто и неговото дете ќе учи во него, прашале родителите, најавувајќи протест во петок пред општина Центар пренесува Канал 5.
-Голем дел од овие луѓе својот глас го дадоа не за вработувања во општина Центар, туку за изградба на основно училиште. Ние сме родители кои сме засегнати чии што деца секојдневно поминуваат во два најфреквентни булевари во оваа општин за да стигнат со своите училишта. Затоа апелирам и ве молам да смогнете сили и да си го одржите вашето ветување, изјавила Моника Сиљановска, мајка на три малолетни деца за Канал 5.