Средби на Попоски на маргините на Генералното собрание на ОН

Министерот за надворешни работи Никола Попоски, кој учествува на 69. заседание на Генералното собрание на ОН, денеска се сретна со неговиот колега од Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.

- Како мала земја, Луксембург има разбирање и интерес да помогне на сите земји од Западен Балкан да напредуваат во нивното приближување кон ЕУ, изјави министерот Попоски, додавајќи дека „пречката останува иста: потребата од консензус во носењето одлуки во ЕУ.” 

Шефот на македонската дипломатија, како што информира неговиот кабинет, се сретна и со министерот за надворешни работи на Сенегал, Манкур Ндиаје со кого ја потенцираа соработката и во Франкофонијата, а најавија и продлабочување на економската и образовната соработка. Попоски оствари средба и со министерот за надворешни работи на Парагвај, Еладио Лоизага, кој го поздрави отворањето на македонско дипломатско претставништво во Бразилија. Беше остварена и средба со претставници на Американско-Еврејскиот комитет на која е потврдена одличната соработка.

Попоски се обрати и на Климатскиот самит на кој, меѓу другото, ја посочи новата апликација „Патувај Зелено“, претставена минатата недела од Градот Скопје и изработена во партнерство со УНДП.

24.09.2014 - 10:41
Фото: 
денешен


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа