Ново обвинение за насилниците кои дивееја во протестите за „Монструм“

Уште 10 лица се осомничени за учество во толпата која направи неред за време на протестите за пресудата за случајот „Монструм“.

Основното Јавно Обвинителство – Скопје до Кривичниот суд  достави обвинителен предлог против 10 лица и тоа Е.В., В.Б., Ф.Н., И.М., Р.М., Ф.Н., С.И., Н.Џ., Б.Р. и Р.И. за кривичното дело чество во толпа што ќе изврши кривично дело за протестите кои се организираа во Скопје по пресудата за случајот „Монструм“ и нередите пред Основниот суд 1 и 2.

Во претходната постапка која беше покрената за учесниците во протестите по три години затвор добија шестмина насилни демонстранти, двајца добија ослободителни пресуди, за едниот обвинителот го повлече обвинението, а другиот судот го ослободи бидејќи немало докази.

24.09.2014 - 09:54
Фото: 
денешен


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега