Ќе има предвремени избори во Грција?
Грчкиот весник Вима објави дека премиерот на Грција Андонис Самарас добил предлог од својот тим за организирање предвремени избори.
Наводно Самарас сеуште не го разгледал сериозно тој предлог, бидејќи смета дека трипартиската Влада, со која раководи има уште задачи и оти не треба да бидат спречени напорите што таа ги прави.
- Овие гласини се неосновани, не станува збор за предвремени избори, изјавија високи владини претставници за она што го напиша То Вима.
Засега избори не сакаат не само грчките граѓани, туку и Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд, кои нагласуваат дека за предвремени избори не мора ниту да се помисли, бидејќи Владата треба да ги насочи своите сили за да ги исполни обврските кон внатрешните кредитори, нагласува „Вима“.