Честитка од Груевски по повод еврејскиот празник Рош Хашана

Премиерот Никола Груевски испрати честитка до претседателката на Еврејската заедница во Македонија, Бјанка Суботиќ и до припадниците на еврејската заедница по повод празникот Рош Хашана.

- Означувањето и чествувањето на овој исклучително значаен датум во хебрејската традиција носи силни морални и етички вредности, како за поединецот и еврејската заедница, така и за општата човекова заедница. Потребата да се погледне во минатото и човек да се наврати на сето она што го направил како добро и не толку добро дело во изминатата година, да побара прошка, да се помоли и да се обиде да биде подобра личност во наредната година, претставува универзална хуманистичка вредност достојна за почит и пример секаде во светот, вклучително и во Република Македонија, се вели во честитката.

Ваквите денови, се додава во честитката, се уште едно потсетување на моралните вредности кои не обединуваат и потврда на придобивките на разноликоста на македонското општество, во чиј состав еврејската заедница си има свое минато, сегашност и иднина.

23.09.2014 - 17:06


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа