Волерс: Изјавата на Бејли непрецизно пренесена

Непотребно се крена врева за изјавата која беше непрецизно пренесена, оцени американскиот амбасадор Пол Волерс во врска со реакциите на изјавата на неговиот наследник Џес Линпинкод Бејли, кој припадниците на македонското население ги нарече Словени.

Тој нагласи дека САД не ја промениле политиката кон Македонија и оти го почитуваат идентитетот на македонскиот народ.

 - Мислам дека ова беше една непотребна контроверзија и резултат на недоразбирање најверојатно предизвикана од лошо известување за настаните. Изјавата беше извадена од контекст бидејќи амбасадорот не даде никаква изјава во однос на етникумите, туку само одговараше на прашање кое се однесува на Охридскиот рамковен договор, рече Волерс.

Идниот американски амбасадор во државата ги ослови припадниците на македонското мнозинско население со Словени при неговото сослушување пред Комитетот за надворешни односи на Сенатот.

Македонското МНР поради ова го повика на разговор заменик амбасадорот на САД во државата на кого му искажа вербална нота. 

23.09.2014 - 16:21
Фото: 
новамакедонија


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега