Чарли Шин во последната епизода на „Два и пол мажи“?

Чарли Шин наскоро ќе го заврши снимањето на сто нарачани епизоди на серијата „Anger Management“,  а некои тврдат дека тоа значи и крај на оваа серија.

Но, наскоро завршува и снимањето на неговата некогашна серија „Два и пол мажи“, па Шин изрази желба да учествува во снимањето на последната епизода.

Шин за ТВ Гајд изјави дека веќе разговарал со продуцентите и им предложил да се врати.

- Се обидуваме да согледаме што би имало најмногу смисла. Ако го прифатат мојот предлог и посакаат да ме вклучат во последната епизода, ќе им бидам на располагање, а овој пат ќе се појавам на време. Ако не прифатат, нивна работа, вели тој.

Некои сепак сметаат, дека тоа нема да се случи ако го земеме предвид начинот на кој Шин го напушти снимањето, но и затоа што сценаристите биле присилени да го убијат ликот на Чарли.

Но, од друга страна, продуцентите најавија и големо изненадување, а Шин и продуцентите со време ја ублажија реториката и донекаде ги изгладија несогласувањата.

23.09.2014 - 16:25


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега