Гостивар: Паднал од тераса зборувајќи на телефон

Осумнаесет годишен жител на гостиварско Добридол паднал од тераса додека зборувал по телефон. Како што јавува Алмакос, А.Х. паднал од терасата на првиот спрат од куќата во која живеел. Терасата не била оградена.
Од падот се здобил со посериозни повреди и веднаш бил префрлен во болницата во Гостивар, од каде со возило на Итна помош бил донесе на скопските Клиники.
Несреќата се случила вчера околу 23 часот, а полицијата веднаш извршила увид.

23.09.2014 - 14:52


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега