Во четврток се пуштаат во продажба билетите за дуелот помеѓу Металург и ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион Металург во четврток ќе ги пушти во продажба влезниците за првиот меч од новата сезона во Лигата на шампионите против Пари Сен Жермен. Во зависност од позицијата на трибините цените на билетите ќе се движат од 200 до 500 денари.

Од клубот од Автокоманда информираа и за промената на ваучерите за блок влезниците од групната фаза во ЛШ. Сопствениците на блок-билети ќе добијат пластифицирани картички, а замената ќе може да ја направат на 26 и 27 септември во периодот од 12 до 20 часот. Промената ќе се врши на пулт во „Сити мол“, специјално поставен за оваа намена.

Сите кои до денот на натпреварот со ПСЖ (28.9.2014 година) нема да ги заменат своите ваучери ќе можат истото да го направат на самиот ден на натпреварот на билетарата во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 12 часот.

Натпреварот Металург - ПСЖ ќе се одигра в недела (28 септември) со почеток од 19 часот.

23.09.2014 - 14:15


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега