Комисијата за односи со верските заедници го честита Рош Хашана

Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи денеска упати честитка до припадниците на Еврејската заедница во Република Македонија по повод големиот празник Рош Хашана.

- Рош Хашана традиционално го одбележува почетокот на новата година и претставува период на молитви, рефлексија и надеж за нов почеток. Овој празник ни обезбедува не само можност за лично помирување со себе и со нашите ближни, туку и многу пошироко, со Бога и со другите народи. Дувањето на Шофарот на овој ден е космичка можност да излеземе од себе си, да бараме нови разбирања и решенија на проблемите, и сите заедно да се обединиме во напорите да изградиме еден подобар и поубав свет, се вели во честитката од директорката на Комисијата Валентина Божиновска.

Во таа насока, како што се посочува во честитката, треба да се продолжи со негувањето на позитивните вредности кои не обединуваат во идентичниот стремеж за заедничка просперитетна иднина и благосостојба.

- Поздравувајќи Ве со традиционалниот поздрав Ла Шана Това уште еднаш Ви ја честитам Новата година посакувајќи Ви просперитетна и плодна година исполнета со многу благослови, се додава во честитката од Божиновска.

23.09.2014 - 13:46
Фото: 
денешен


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега