Дилери паднаа во рацете на македонската полиција

 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 46-годишниот С.Н. од Охрид, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 16.09.2014 година, во Охрид, од страна на полициски службеници извршен претрес во домот на пријавениот, каде се пронајдени и одземени хероин, таблета со лого „аппле“, банкнота од 10 денари и целофан од кутија цигари со непозната материја кои се дадени за вештачење.

ПС Кичево поднесе кривична пријава против 23-годишниот Ф.М. од Кичево за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 26.06.2014 година во Кичево од страна на полициски службеници извршен е личен преглед над пријавениот и пронајдена му е и одземена една кесичка со марихуана.

СВР Струмица  поднесе кривична пријава против 29-годишниот М.В. од Струмица за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 03.07.2014 година во Струмица од страна на полициски службеници извршен е личен преглед над  М.Г.  и кај него е пронајдена марихуана.

ПС Свети Николе  поднесе кривична пријава против 30-годишниот Д.Л. од Свети Николе за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. Во август 2014 година, на ул. „Карпошева“ за сума од 300 денари пријавениот продал марихуана на две лица од Свети Николе.

 

 

23.09.2014 - 13:17


 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега